Медведев: Апсењето на Путин е еквивалентно на објавување војна

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев денеска изјави дека доколку германските власти одлучат да ја спроведат одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсењето на претседателот на Русија, Владимир Путин, тоа ќе биде причина да се објави војна.

Во интервју за руските медиуми, Медведев се осврна на одлуката на Меѓународниот кривичен суд, кој издаде „потерница“ за рускиот лидер Владимир Путин, пренесува ТАСС.

„Јасно е дека оваа ситуација никогаш нема да се случи, но да замислиме дека, на пример, тоа се случи. Сегашниот лидер на нуклеарна држава пристигнува на територијата на, да речеме, Германија и биде уапсен. Што значи? Објавување војна на Русија“, рече Медведев во интервју за руските медиуми, пренесе Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e