Масакар во Цетиње: Напаѓач убил десетина лица поради семеен конфликт

Почина мажот кој отвори оган со огнено оружје кон сограѓани во Цетиње, денеска нешто пред 16 часот.

Според локалните медиуми во нападот се загинати најмалку 10 лица, меѓу кои и деца. Медиумите пренесуваат дека причината за нападот е семеен конфликт.

Напаѓачот наводно ја спречувал брзата помош да им пријде на жртвите пред да биде убиен.

Во Општата болница Цетиње се сместени неколку тешко повредени лица. Три лица се на Одделот за хирургија, на кои им е извршена операција. Лекарите се борат за животот на повредените.

Напаѓачот од претходно не и бил познат на полицијата, а неофицијални информации говорат дека имал психички проблеми.

Конфликтот почнал со семејството, по што Бориловиќ земал ловечка пушка, излегол на улица и по случаен избор почнал да убива луѓе и деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e