Ксидакис: Грција и Македонија треба да се движат кон иднина во пријателство и меѓусебно разбирање

Според грчкиот заменик министер за надворешни работи Никос Ксидакис, задолжен за европски прашања, Грција и Македонија можат да живеат и да разговараат во хармонија, во една средина која не е особено стабилна.

Ова Ксидакис го изјави во интервју за весникот „Агора“ и рече дека се работи за „меѓусебна добра волја“.

Тој исто така нагласува дека „е време (Македонија) да се откаже од ултранационалистичкиот екстремизам, идеолошката злоупотреба на историјата и иредентистички ексцеси кои не им прават услуга на народите и речиси секогаш се за домашна употреба“.

Целта според него е секогаш разликите да се решаваат, за двете земји да се движат кон иднина во пријателство и меѓусебно разбирање.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e