Ќе влезе ли Полска во војна против Русија?

Ако Украина не ја одбрани својата независност, нема да имаме друг избор освен да војуваме, изјави Јан Емерик Рошчишевски, полскиот амбасадор во Франција.

Контроверзните зборови на дипломатот ги пренесе француската телевизија ЛЦИ.

„Доколку Украина не ја брани својата независност, нема да имаме избор, нема да имаме друг избор освен да војуваме“, рече Рошчишевски.

Претседателот во четвртокот објави дека Полска ќе и ги предаде првите четири ловци МиГ-29 на Украина во наредните денови.

Тој додаде дека авионите во моментов се на сервис и сукцесивно ќе и бидат предадени на Украина,пренесе Курир.рс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e