Инстаграм воведе ознакa за лажни вести

Инстаграм воведе ознака за известување за лажни информации за да ги спречи ширење на истите. Ознаката „лажна информација“ ќе се користи за објавувањата што се откриени и обележани како лажни, а Фејсбук проверувачите на факти  ќе бидат одговорни за овој процес.

Новата ознака ќе се шири преку социјалната мрежа следниот месец, и ќе се појави на Stories (приказни), како и на постовите што се појавуваат на главната страница за вести на Инстаграм. Корисниците на социјалните мрежи сè уште ќе можат да го видат оригиналниот пост, но ќе треба да ја изберат опцијата „See post“ (види ја објавата).

Инстаграм ќе ги предупредува корисниците кои се обидуваат да ја споделат објавата што претходно била обележана како лажна. Пред објавувањето, тие ќе видат предупредување дека проверувачите на факти откриле дека објавата содржи лажни информации и ќе им биде понуден линк за повеќе информации.

Корисниците сепак ќе можат да ја споделат објавата, но истата ќе биде обележана за лажни информации. Оваа опција е најагресивниот начин за борба против ширењето на виралните дезинформации досега, оценуваат медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e