Хрватска би можела на 1 јуни да добие позитивна оценка за еврото

Европската комисија планира на 1 јуни да објави извештај за конвергенција, во кој Хрватска би можела да добие конечна оценка за подготвеноста да го воведе еврото.

Според агенцијата Хина, извршниот потпретседател на Комисијата, Валдис Домбровскис, денеска потврди дека Комисијата планира да објави извештај за конвергенција на 1 јуни.

– Во Хрватска, показателите за задолженоста значително се намалија во изминатите години и покажуваат тренд на натамошен пад. Ова испраќа важен сигнал пред извештајот за конвергенција… Како што знаете, Хрватска има намера да го усвои еврото како своја валута од 1 јануари 2023 година, истакна Домбровскис на прес-конференција.

Комисијата објавува извештај за конвергенција на секои две години. Според последниот извештај од јуни 2020 година, Хрватска ги исполнила сите критериуми за влез во еврозоната, освен членството во Европскиот механизам за девизен курс (ЕРМ II), но во меѓувреме и тоа е исполнето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e