Холанѓанец пред три дена го „најавил“ катастрофалниот земјотрес во Турција

Малку од нас кој верува во претскажувања и смета дека таквите не се веродостојни, но она што се случи со земјотресот кој утрово ја погоди Турција е нешто кое ја замрзнува крвта во жилите.

Извесен холандски државјанин Франк Хогербетс од Харлем на својот „Твитер“ на 3. февруари годинава напиша дека подрачјето на Турција со границата со Сирија ќе го погоди разорен земјотрес од над 7,5 степени.

„Сега или подоцна, тука ќе има земјотрес со над 7,5 степени“, стои во објавата на Хогербетс која може ад се најде на социјалните мрежи.

За жал неговото предвидување се покажа вистинито. Тој се огласи и веднаш по земјотресот и кажа дека неговото срце е со повредените од овој земјотрес.

Како што напишал, потресот го предвидил по „движењата на планетите“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e