Хакирани Твитер и ЈуТјуб налогот на британската Влада

Видео снимки од криптовалути со фотографија од милијардерот Илон Маск се појавија на канал на ЈуТјуб, додека на Твитер се ретвитнати неколку коментари поврзани со НФТ токените, јави Би-Би-Си.

Војската го потврди „упадот“, соопштувајќи дека ја сфатила безбедносната ситуација многу сериозно и дека сега ги решава проблемите, а двата налога биле вратени.

-Бидејќи го решивме прашањето и истрагата е во тек, во моментов не би било соодветно да коментираме повеќе, рече портпаролот на армијата.

Не е познато кој го извршил хакерскиот напад, во кој беа сменети имињата на налозите на британската армија.

Во еден момент името на профилот на Твитер беше сменето во Бапесклан, а до неделата вечерта се се врати во нормала.

„Се извинуваме за привременото суспендирање на нашиот налог. Ќе спроведеме целосна истрага и ќе научиме од овој инцидент. Ви благодариме што не следите и нормалното функционирање сега ќе продолжи“, соопшти војската.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e