Голем пожар во Португалија: 400 пожарникари на терен

Околу 400 пожарникари и пет авиони за гаснење на пожар се борат против шумскиот пожар кој го зафати југот на Португалија.

Пожарот избувнал денеска попладне близу градот Моншик, во ридест регион зад кој се наоѓаат популарните плажи во регионот Алгарве.
Агенцијата за цивилна заштита соопштила дека пожарот беснее во шумските предели и густите плантажи во ретко населената област. Алгарве во глобала го избегна најголемиот топлотен бран кој овие денови ги зафати Португалија и Шпанија, со температури кои го надминуваат и 45-тиот Целзиусов степен.

Во Португалија секоја година има големи шумски пожари, иако невообичаеното свежо време до крајот на минатиот месец доведе до нивно намалување. Минатата година во шумските пожари во Португалија загинаа 11 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e