Глутница кучиња до смрт изгризаа 7-годишно дете во САД

Глутница кучиња нападнале дете и неговата мајка во саботата во американската држава Ајдахо.

Детето починало, а жената поради повредите завршила во болница. Инцидентот се случил во саботата околу 17:51 часот. Полициската станица Форт Хол добила пријава „за момче кое било нападнато од кучиња и е во несвест“.

„Полицијата во Форт Хол извести дека кучиња нападнале двајца членови на заедницата, мајка и син, и дека жртвите биле пренесени во болницата Портнеуф. Две кучиња биле ротвајлери, а две од мешани раси“, соопштило племето Шошоне-Банок, а пренесе ABC News.

Официјални лица наведуваат дека сопствениците на кучињата не биле членови на племето и дека имотот каде се случил нападот е нивна сопственост. Племенските водачи ги еутанизирале кучињата по нападот и ги обвиниле нивните сопственици за 15 прекршувања на уредбата за животните Шошоне-Банок. Локалните медиуми јавуваат дека момчето имало седум години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e