„Фајзер“ инвестира 2,5 милијарди долари во производството на лекови во Европа

Американскиот фармацевтски гигант „Фајзер“ денеска соопшти дека ќе инвестира повеќе од 2,5 милијарди долари во производство на лекови во Европа за да го надомести изгубениот приход по истекот на патентите за некои лекови и падот на продажбата на вакцината против „Ковид-19“.

Фајзер планира да потроши повеќе од 1,2 милијарди евра за проширување на фабриката во Пурс, Белгија, откако вчера најави ист износ за фабриката во Даблин.

Фабриката во Пурс одигра клучна улога во производството на вакцината против Ковид-19 што Фајзер ја разви со својот германски партнер БиоНТек, користејќи РНК технологија. Во Даблин, Фајзер произведува материјал за сложени биолошки средства и вакцини, а дополнителната инвестиција треба да го удвои капацитетот на фабриката.

Приходите на Фајзер се очекува да надминат 100 милијарди американски долари оваа година и над двојно повеќе од нивото пред пандемијата благодарение на продажбата на вакцини и лекови против Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e