Едно лице загина, 60 се повредени во тропска бура во Јапонија

Најмалку едно лице загина, едно е исчезнато, а најмалку 60 се повредени откако тропска бура го погоди југозападниот дел на Јапонија и се упати кон север кон Токио.

Улиците беа преплавени со матна вода од реките, а многу домаќинства останаа без струја кога тајфунот Нанмадој вчера го погоди регионот Кјушу.

Еден човек е пронајден мртов рано утринава во неговиот автомобил, кој бил потопен во фарма, изјави локалниот функционер Јошихару Маеда од Мијаконоџи во префектурата Мијазаки.

Тој додаде дека едно лице се води како исчезнато откако одрон ја зафатил колибата.

Нанмадој дуваше со брзина од 108 километри на час, со налети до 162 километри, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Десетици илјади луѓе ја поминаа ноќта во гимназии и други јавни институции. Меѓу 60-те повредени има и такви кои паднале бегајќи, а некои биле погодени од парчиња стакло, јавуваат јапонските медиуми.

Силниот ветер урна патишта и билборди, скршил градежен кран, а штета е направена и на казино во градот Кагошима во југозападна Јапонија. Брзите возови и авиони не сообраќаа, а предупредувања беа издадени поради можни одрони и излевање на реки.

Се прогнозира дека бурата ќе го продолжи својот пат североисточно, преку главниот остров Хоншу, пред да стигне до Токио и североисточна Јапонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e