Досега над 500 регистрирани загинати во Турција и Сирија

Бројката на загинати во Турција и Сирија надмина 500 по силниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја потресе јужна Турција рано утринава.

Најмалку 284 луѓе загинаа, а повеќе од 2.300 се повредени во Турција, изјави потпретседателот на земјата Фуат Октај.
Во Сирија загинаа најмалку 237 лица, а 639 се повредени, објави сириската државна новинска агенција САНА, цитирајќи официјален претставник на Министерството за здравство.

Вкупниот број на загинати низ Турција и Сирија сега е најмалку 521.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e