Додик: Референдумот ќе биде одржан

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека референдумот за Денот на Републиката ќе биде одржан на 25 септември, и дека нема ниту една пречка за неговото одржување.

Референдумот ќе биде за отцепување на Република Српска од Босна и Херцеговина.

– Референдумот ќе се случи и тука нема никакви шпекулации. Само оние злонамерните се обидуваат да шпекулираат, истакна Додик во Брод.

Тој нагласи дека „техничките предуслови за организација на референдумот се создадени.

– Комисијата ја работи нејзината работа, формирани се општински комисии, извршено е печатење на гласачките ливчиња, се е подготвено, објасни претседателот на Република Српска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e