Додик: На насилството од Сараево ќе одговориме со отцепување

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека официјална Бања Лука на насилството од Сараево ќе одговори со отцепување од Босна и Херцеговина.

Оваа изјава Докик ја даде за агенцијата „Спутник“ пред разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, како коментар на претходната изјава на командантот на босанската војска, Сафер Халиловиќ, кој се закани со насилство врз Република Српска ако референдумот за Денот на Република Српска биде спроведен.

– Ние знаеме дека ставот на Халиловиќ, кој се заканува со војна, е став на сите во Сараево, но, зборувам хипотетички, ако се случат какви било потези од тој вид, ние во истиот момент сме надвор од Босна и Херцеговина – порача Додик.

Тој, исто така, рече и дека Бања Лука нема намера во ниту еден момент да остане во земјата во која од другата страна пристигнува насилство.

Мета

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e