Делови од западна Грција загрозени од пожари

Три села во општините Илија и Илида во западна Грција се во состојба на зголемена готовност откако избувна пожар во соседната област Ахаја, а потоа се прошири.

Локалните власти во неделата вечерта ги повикаа жителите на загрозените општини веднаш да се евакуираат во Аграпидохора, пренесе „Катимерини“.

Заменик-гувернерот на Илија, Василис Јанопулос, изјави дека пожарот се шири кон општините Котрона и Карајаника, кои се веќе евакуирани, додека противпожарната бригада се бори со пожарот, за пожарот да не стигне до селото Лата во планините.

Според него, „Лата е многу незгодно место бидејќи има густа вегетација“ и пожарникарите веќе се на тој простор.

Јанопулос изјави дека противпожарната служба успеала да го запре пожарот кој се движел кон селото Валми, а пожарот стигнал на 150 метри од куќите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e