Бугарија меѓу најосудуваните земји во Стразбур за прекршување на човековите права

Бугарија се најде меѓу 10 држави кои се најосудувани во 2022 година пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Ова го покажале официјалните податоци на судот каде стои дека само лани судот во Стразбур донел 27 пресуди за Бугарија, од кои што кај 25 било утврдено прекршување на човековите права. Меѓу десетте најосудувани држави се уште Русија, Украина, Турција, Романија, Молдавија, Полска, Унгарија, Хрватска и Италија.

Ова го покажале официјалните податоци на судот каде стои дека само лани судот во Стразбур донел 27 пресуди за Бугарија, од кои што кај 25 било утврдено прекршување на човековите права. Меѓу десетте најосудувани држави се уште Русија, Украина, Турција, Романија, Молдавија, Полска, Унгарија, Хрватска и Италија.

Еден од најзначајните проблеми за Македонците во Бугарија според адвокатот Тони Менкиновски кој ги застаува тамошните здруженија е што добиените пресуди во Стразбур не се спроведуваат во Бугарија како земја-членка на Европа и потписничка на европската конвенцијата за човекови права, пренесе Канал 5.

Ова го потврди и првиот човек на судот од стразбур Роберт Спано при посетата на земјава пред една година кога рече дека за да се натера Бугарија да ги почитува овие пресуди надлежен е комитетот на министри на Советот на Европа.

На својот последен состанок, на 9 декември лани, Комитетот на министри на Советот на Европа ги повика властите во Бугарија да почнат да ги почитуваат пресудите на Европскиот суд за човекови права и да дозволат регистрација на здруженија кои што имаат за цел признавање на македонското малцинство во Бугарија. Бугарските власти имаат рок до мај да поднесат извештај што е направено и ако повторно не се почитуваат одлуките од Стразбур можно е исфрлање на Бугарија од Советот на Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e