Американците би ја покориле Русија за 20 дена: Потоа со таа земја ќе управува НАТО

“Потенцијалната војна со Русија нема да биде слична со војната со Ирак во 2003. година, бидејќи Ирак имаше подобро дисциплинирана војска од Русија”, рекол Јуберг.

“Аналитичарот од американскиот воен ресор”, Дејвид Јуберг, тврди дека Пентагон би можел да ја уништи Русија за 20 дена, по што со таа земја ќе управува НАТО. Тој за украинскиот портал напишал дека Русија “ќе ги лансира своите нуклеарни ракети, но дека ќе се воспостави дека само половина од нив се делотворни”.

“Американските “стелт” бомбардери ќе ги уништат сите фабрики и воени објекти во Русија, а потоа импулсот со електромагнетски беспилотни летала ќе ја исклучи електрониката во големите градови во Русија. Во Пентагон, каде што сега работам, постојат разработени планови за сите земји во светот, но детални планови за војна се изработуваат за судири со нестабилни и агресивни режими. Потенцијалната војна со Русија нема да биде слична како војната со Ирак во 2003. година. Иако Русија има војска со слична големина и исто ниво на технолошки развој, Ирак имаше подобро дисциплинирана војска од Русија”, наведува Јуберг, пренесува Telegraf.rs.

Иако на страната на Дејвид Јуберг на Фејсбук, како и на украинските портали, се наведува дека тој е офицер на американската војска и потомок на советски емигрант, оваа информација не е доверлива и корисниците на интернет се сомневаат по тој повод.


Не е потврдено дека Јуберг навистина е соработник на Пентагон, а руските медиуми оценуваат дека станува збор за намерна провокација од украинските медиуми. Познатиот руски блогер и публицист, со потекло од Украина, Александар Рогерс, тврди дека тврдењата на Јуберг се бесмислени.

“Посебно ми се допадна изјавата на тој експерт дека половина од нуклеарните ракети кои ќе ги лансира Русија нема да бидат делотворни. Тоа значи дека околу 1.500 ракети ќе ја погодат целта. Размислете што можат 1.500 ракети да направат од територијата на САД”, наведува Рогерс.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e