Жерновски: Оставете ги настрана своите лични и партиски интереси во име на овој генерациски предизвик

Францускиот претседател Емануел Макрон упати многу јасни и прецизни пораки на  Конференцијата за безбедност во Минхен, од каде порача дека ќе им даде зелено светло на Република Северна Македонија и на Албанија за отпочнување на процесот на преговори за членство во ЕУ, под услов претстојните кратки Извештаи од ЕК да бидат позитивни.

Токму поради тоа, од исклучителна важност е во нашето Собрание да се донесе Законот за јавно обвинителство, бидејќи усвоениот закон обезбедува позитивен извештај за напредокот од страна на ЕК, како втор клучен чекор по новата методологија.
Сите оние што се посветени на европската перспектива и на просперитетната иднина на нашата земја, односно на нашите граѓани, треба да бидат одговорни пред овој генерациски предизвик и да ги стават настрана своите лични и партиски интереси. Немојте да ја држите во заложништво иднината на својата држава и своите деца!

ФБ статус на Андреј Жерновски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e