Што треба уште да се случи за да оние 436.407 граѓани кои на последните избори гласаа за ДПМНЕ и Коалицијата, вклучително и 56.232 поддржувачи на ЗНАМ, конечно сфатат дека Мицко и Максим се против влезот на Македонија во ЕУ?
Ја задолжија одвратната охридска Лигња да ги влоши односите со Грција, Бугарија и Албанија, да го детализира унгарскиот кредит од 500 милиони евра, по секоја цена да ја стопира пругата кон Бугарија на сметка на Коридорот 10 кој ќе не’ поврзи со Будимпешта, најавија изучување на рускиот јазик во кумановските училишта и – ете не’ таму кај што сме.
Непочитувани мицковци и максимовци, граѓаните не се малоумни за да не можат да видат дека Македонија забрзано врти кон исток! Знам дека не сте ни чесни, ни искрени, ниту пак имате чист образ и мирна совест тоа да им го кажете на македонските граѓани. Оти вие сте обични бандити и трговци со националните и државните интереси, кои за само 100 дена го поништија сето она што во изминатите 33 години сите претходни влади макотрпно го градеа – влез во семејството на европските народи.
Ако после ветото за влез во НАТО во 2008 година ДПМНЕ и Грујо започнаа со реализација на проектот „Заробена држава“, денес, 16 години подоцна, после ветото за влез во ЕУ, ДПМНЕ и Мицко работат на истиот проект – втор дел!
Запад не’ отпишуе, Исток не не’ запишуе!
ФБ став на Зоран Милошески