Сарачини: Откога минаа двете минути слава за Евреите во мвро-вмро, пак ли да ќе ви дојдат 10 години за Хитлер? А, лицемери?

ОД „ЧИСТА МАКЕДОНИЈА“ – СЕ РАЃА ЗЛАТНАТА ЗОРА НА МВРО АНТИФАШИСТИЧКА

Внимателно ја изгледав целата седница на која се разрешуваше техничката министерка Мизрахи. Речиси и да немаше пратеник од нејзината партија кој не искажа ноторни лаги, клевети, навреди, не само кон присутните, туку најчесто кон луѓе неприсутни во салата и немаат можност да се одбранат од лагите. Мвро-вмро во „полн сјај“.

Како прво, министерка која беше разрешена поради непочитување на заклетва, Устав, закони, Преспански договор кој е ратификуван во Собранието и е Закон а веќе и дел од Уставот – сакаа да ја врамат жртва, поради тоа што е жена и Еврејка.

За третманот кон жените на луѓето што им се мешаа во правото на раѓање, излишно е да зборуваме. Да не знае човек што е поапсурно, нивниот „феминизам“ или, тоа што идеолошките наследници на Ванчо Михајлов и оние што ги дочекаа “ослободителите“ и се вклучија во режимот на Цар Борис и погромот на македонските Евреи (а подоцна и во пљачкосувањето на нивните напуштени домови), се прогласија за заштитници на Евреите, за антифашисти.

Замислете. Редеа имиња на партизани Евреи, во чиј прогон и убиства учествувале контраши на ВМРО! А, кој ни го донесе Ванчо и се слика со него во музеј? Кој слави ликови што биле со фашизмот и „ослободителите“ во 2 светска војна и го помагале Холокаустот? Чии партиски ѕвезди се луѓе што бараа „гасни комори за Шиптари“? Чии симпатизери врескаат „чиста Македонија“? Кој ги сквернави редовно еврејските гробишта во Битола? Чие раководство прогласи „десоросоизација“ и преку Сорос и омразата кон „мрачните сили’, „ционистите“, „еврејските банкари“ итн итн хушкаше антисемитизам?

И сега одеднаш, лаги за антисемитски напади, кои што сами ги создадоа, преку манипулација, вадење од контекст и додавање непостоечки зборови на изјави на луѓе.

За тие манипулации пишуваа неколку редакции и проверувачи на факти, но фактите се разбира, не ги интересираат оние што намерно лажат, дури од собраниска говорница, и кога се фатени во лага. Примери такви има постојано, а имаше и вчера, од Милошоски, па се до последниот говорник.

А во полн сјај цела вечер и утрово беше вклучена и целата пропагандна машинерија, како во времето на Грујо, Мартин и Гоца. Не само онаа која отворено ја поддржува оваа криминална структура, туку и оние што „не се бавеа со политика“, или, и тогаш и сега, врескаат против „антисемитизмот“ на критичарите на мвро вмро, а не можат да ја видат секојдневната, жестока омраза кон десетици луѓе.

Земете го за пример „професорот“ Апасиев, чии зборови исто беа цитирани од пратениците на мвро вмро вчера од говорница. Само, во цитатот беше прескокнат зборот „Сороспии“. Оти не иде баш со борбата против „антисемитизам“, нели?

Навистина човек да ја жали Мизрахи. Не поради разрешувањето, кое го заслужи со нејзиниот однос, особено со ставот дека таа е спремна континуирано да крши закони. Јас сочувствувам со неа токму како жена, и како Еврејка. Поради грубата злоупотреба што и ја направија токму од нејзината партија.

Преку нејзин грб ја биеја „битката за името“, а како попчиња гласаа за Северна Македонија во НАТО. Цела деценија и повеќе ги газеа правата на жените, хушкаа жесток антисемитизам, а преку неа сакаат да се проперат за тоа. А башка, се уште ги слават фашистите од ВМРО кои беа на страна на „ослободителите“ кои учествуваа во Холокаустот на македонските Евреи.

И сега, откога минаа двете минути слава за Евреите во мвро-вмро? Пак ли да ќе ви дојдат 10 години за Хитлер? А, лицемери?

ФБ статус на Петрит Сарачини 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e