Сарачини: До кога плукањето и газењето по човечкото достоинство ќе поминува неказнето, а богами и незабележано ?!

Владата денес го усвои предлогот за поништување на лустрацијата и овозможување на компензација за оштетените. Веднаш стигна и „одговорот“. Но, наместо до Владата, одговорот е упатен – до Владета.

Република (а и други) токму денес, реши повторно да го „спружи“ Владимир Милчин, еднаш веќе жртва на лустрацијата на Груевски, кој со месеци не ја штеди од критика – токму Владата на Заев.

Ќе продолжи ли да молчи критичката јавност на овој секојдневен отстрел на луѓе, смислен во кујните на Груевски? Ајде тоа што секојдневно се повикува на линч на имиња од власта, ајде и заканите за тоа што ќе се случувало после 12 април…Ќе рече некој, власта треба да биде „поотпорна на критика“, иако не знам што има врска критиката со повиците за убиства, бесења, ножеви, па и со лажни вести, дезинформации и манипулации.

Но, драги мои белизе републиканци и остали курири, да удрите по Владета, кој со месеци ви полни рубрики и ви носи илјадници кликови и лајкови? После 12 април, веројатно пак ќе му правите сачекуши по темни сокаци?

До кога плукањето и газењето по човечкото достоинство ќе поминува неказнето, а богами и незабележано ?!

ФБ статус на Петрит Сарачини

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e