Освен што е 5 години постара, што ново има да понуди Силјановска?

Постојат десетици и десетици причини зошто ова и вакво ДПМНЕ не треба да се врати на власт. За да не биди дека муабетот е кажан напамет, еве два конкретни аргументи:
1. Четириесетината актуелни градоначалници на ДПМНЕ се најслабата постава која било кога ја практикувала локалната власт. Жив очај и беда, но и најдобар показател како мицковци ќе ја водат државата доколку победат на изборите и направат Влада.
2. Повторното кандидирање на Гордана Силјановска за претседателската функција, откако пред 5 години граѓаните и’ порачаа дека не сакаат да ја видат во вилата на Водно, јасно кажува за ерозијата на квалитетниот кадровски потенцијал во ДПМНЕ. Освен што е 5 години постара, што ново има да понуди Силјановска? А кога сме кај годините, зошто универзитетската професорка ја манипулирала јавноста со датумот на раѓање? Кога е родена Силјановска: на 11.05.1953 во Охрид, на 11.05.1955 во Охрид или на 08.05.1960 во Скопје? Зошто Гордана Силјановска ја лажела домашната и меѓународната јавност?
Несериозно и погубно по иднината на Македонија изгледа самата помисла за скорешно враќање на ДПМНЕ на власт!
ФБ став на Зоран Милошески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e