Ориѓански: Преголем залак е една институција да докажува на цел еден народ, кој е јазикот на кој зборува

Македонскиот јазик не е прашање со кое треба да се занимава некоја академија, јазикот на секој народ е посебен феномен, создаден низ време и околности, (слично ко народната музика) ЈАЗИК и НАРОДНА музика не создаваат поединци, ами цел еден народ низ сито и решето, векови и искушенија.

Јазикот, создаден преку интелектуални теории се нарекува ЕСПЕРАНТО (тотално неупотреблив за ништо).

Македонскиот јазик, денес и овде, создава нова литература, нова поетика, ова значи дека е ЖИВОТВОРЕН, независно од мислењата на академиите, националистите и старомодната, матна, интелектуална елита.

Петре М. Андреевски, Блаже Конески, Горан Стефановски, пишуваа на МОДЕРЕН македонски јазик, Дарко Лешоски пишува на тој јазик, мојте песни ги искажувам на тој јазик и не чуствувам ама баш никаква потреба да докажувам кој е мојот јазик. Тој е македонски оти така сум го наследил од мајка, татко, баба, дедо и прадедо. Tочка.

Преголем залак е една институција да докажува на цел еден народ, кој е јазикот на кој одреден народ зборува, дури би рекол, ова е крајно безобразен, дрзок и неискултивиран потег од каде и да доаѓа.

ФБ статус на Златко Ориѓански

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e