Мицкоски ќе го менува Преспанскиот договор, само денес прво ќе се слика за пасош со „Северна“ по итна постапка

Пред повеќе од четири години, Христијан Мицкоски во гостување кај Чомовски истакна дека ќе го менувал Преспанскиот договор ако освоеле двотретинско мнозинство во Собранието.

Чомовски: Вашиот попретседател вели дека ќе се доведеме во ситуација доколку освоите двотретинско мнозинство да го промените Преспанскиот договор?

Мицкоски: Тоа сме го кажале во минатото многупати, сум го кажал и јас, дека доколку имаме две третини од бројот на пратениците во рамките на македонското собрание е единствениот начин да се создаде можност за чекор назад поврзан со Преспанскиот договор. Да, ако е тоа вашето прашање, да…

Но, на гостувањето во ТВ21 минатата седмица Христијан Мицкоски изјави дека имал закажано фотографирање за пасош денеска, во вторник, по итна постапка:

„Периодов планирам да патувам, па веќе закажав термин, следната недела, во вторник, би требало да појдам да се сликам.“

Откако медиумите објавија наслов „Мицкоски успеал да закаже термин за нов пасош во вторник“, Димитар Апасиев објави „Уште недојдени на власт, си ФАЌААТ ВРСКИ преку министрите да си се сликаат за три дена. А ти народе, чекај до октомври за сликање.“

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, во Студио 10 на Телевизија 24, изјави дека има паралелен список за фотографирање што е со термин по завршување на работното време кој го нарече „сваровски“ список:

„Јас не сум се јавил на министерот за внатрешни работи јас и моето семејство да си ги земеме пасошите оти сме сликани пред 32 дена и нема да го сторам тоа, ќе чекам. Верувам дека оваа држава може да функционира исто за сите оти сите сме граѓани на оваа земја“, посочи Битиќи.

Панче Тошковски, технички министер за внатрешни работи, изјави дека МВР презема максимум во рамки на можностите коишто ги има во овој дел. Минатата седмица, во врска со Договорот од Преспа, Тошковски во гостување на Сител изјави:

„Договорот од Преспа е таков каков што го потпишале. Тоа е. Мора да се почитува“.

Извор: fokus.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e