Кратка повест за Систематската дијагностика на Македонија

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Ида Протугер Вељковиќ за „Фокус“:

-Бевме сведоци како болниците пропаѓаат, никнуваат факултети со инстант професори кои можат единствено да предаваат незнаење, железничкото поврзување исток – запад и север – југ остана во застарените проекти и изборни програми, автопатите се симнаа од приоритет затоа што, како што кажа тогаш Груевски, луѓето користеле повеќе регионални патишта и така ние дојдовме на дното на сите можни листи кои се индикатори за човековиот развој (смртност на доенчиња, лоша инфраструктура, медиумски (не)слободи, загадување итн). Во исто време, нашиот нерешен проблем со името остана, а Грција немаше никаква штета од тоа. Груевски мислеше дека со споменикот на Алекандар им покажува среден прст на Грците (платен со пари на нашите даночни обврзници), а тие спокојно ни ја сосекоа железничката конекција од Солун и со пари од европските фондови (на даночните обврзници на ЕУ) си го изградија Коридорот 4 кој стана алтернатива за нашиот неизграден Коридор 8 и така ние од приказните за “папокот на светот” се сместивме во реалноста дека сме слепо црево на Балканот. Бидејќи бевме надвор од ЕУ.

До крајот на овој месец, Светска банка ќе објави стратешки документ за Македонија, насловен Систематска дијагностика на земјата. Систематската дијагностика на земјата за прв пат се прави за Македонија, а е документ кој од 2014 година Светска банка го воведе како задолжителен пред потпишување на Стратегија за партнерство со некоја земја. Го изработуваат стручњаци од Светска банка во партнерство со домашни експерти. Ги утврдува “болните” точки што го кочат развојот на земјата и го предлага “лекот” како до инклузивен и одржлив економски раст што ќе донесе просперитет.

Овие два збора инклузивен и одрржлив раст, заедно со јавните трошења ми беа од голем новинарски интерес во времето кога редовно следев економија и оттука, во очекување на овој документ, ќе се обидам да составам лична Систематска дијагностика на земјата со фокус на потребата од евроинтеграција.

За понеупатените, економскиот раст е бројка изведена од формула која ги вклучува јавната и приватната потрошувачка, увозот и извозот и инвестициите. На пример, вие можете да постигнете економски раст и со едноставно позајмување пари или креирање поголем буџетски дефицит, со што поголемата сума пари во економијата ќе генерира раст на јавната и следствено, на приватната потрошувачка и крајната бројка за економски раст ќе порасне. Но дали е тоа здрав раст , односно инклузивен и одржлив?

Еве конкретен пример. Владата на Груевски го зголеми буџетскиот дефицит и следствено јавниот долг, со позајмување пари од кои голем дел инвестираше во проектот Антиквизација на Македонија. Пред да се осврнам на штетноста на тој проект по нашата европска интеграција и влошувањето на позициите во преговорите со името, само накусто за економските штети.

Колумната во целост прочитајте на на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e