Драган Мијалковски со ексклузивен настап во Крива Паланка

На Свечената академија по повод денот на Свети Јоаким Крчовски и сесловенските просветители Кирил и Методиј, 2024, ексклузивно во Крива Паланка ќе настапи нашата музичка легенда, Драган Мијалковски.
Свеченоста ќе понуди несекојдневна можност кривопаланечката публика да ужива во најпопуларните песни и евергрини на бардот на македонската музика, Драган Мијалковски.
Настанот е закажан за 23 мај 2024 година, четврток во  Национална установа Центар за култура Крива Паланка, со почеток во 19:00 часот.
На Свечената академија ќе бидат прогласени најдобрите просветни работници во општината, а присутните ќе имаат ексклузивна можност во живо да ги проследат незаборавните: “Кажи ми”, “223-3О5”, “Кажи нешто драга”, “Гитаро моја” и бројни други незаборавни евергрини, како и песни од неговиот нов албум, за една незаборавна вечер за сите генерации.
 Настанот е дел од манифестацијата “Крива Паланка – Град на културата”. 436302249_760108386236598_1976533024005110582_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e