ГО ПОГАЗИЈА СЕКОЈ ДАДЕН ЗБОР “Брату“ Цветан, ене шо си велел во опозициските денови…

“Колективна амнезија или бесрамни лаги со бради?
За само 4-5 месеци власт мицковци ги заборавија сите ветувања, го погазија секој даден збор. Ако не е колективна амнезија, а не е, тогаш не преостанува ништо друго освен да констатираме дека на последните избори се случи најголемата изборна измама во историјата на Македонија!
Актуелниот земјоделски министер денеска од Прилеп даде изјава за откупот на тутун. Многу зборуваше – ништо не кажа.
“Брату“ Цветан, ене шо си велел и шо си објавувал на твојот фб профил во опозициските денови: дека субвенциите за тутун треба да се зголемат за 100% и да изнесуваат 120, 140 и 160 ден/кг.
Лани, Владата на СДСМ за секој килограм откупен тутун исплати субвенција од 100, наместо сегашните 60, 70 и 80 ден/кг. Шо бидна со твоето барање? Или ти не си тој Цветан, ти си некој друг Цветан?
Инаку, не мораше во онаков состав да одите во откупниот пункт на прилепскиот Тутунски Комбинат за да си прајте партиска збиранка. Наместо таму, поарно да се сликавте во просториите на ОК на ДПМНЕ, оти освен функционери и членови на ДПМНЕ, на откупот друг чоек немаше.”
Фб статус на Зоран Милошески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e