Цветанов: Замислената стратегија за МАСОВНО ЛАЖЕЊЕ преку промовирање на различни политики нема да им помине

ДПМНЕ со 2 различни става во однос на уставното име на државата.

ДПМНЕ настапува со 2 лица, со едно лице пред меѓународниот фактор, а со друго лице пред граѓаните кога станува збор за името на државата. Едното крило е кобајаги за НАТО и ЕУ, а другата група си игра со емоциите на граѓаните и ги лаже дека никогаш нема да признаат Северна. Ова е вистинско лицемерие!

Намерно досега не изградија – Официјален и единствен став како партија во однос на уставното име. Целта беше создавање на предуслови за почеток на Операција ЛАЖЕЊЕ на следите избори.

Кај проевропски ориентираните граѓани ќе ја испраќаат лицемерната група Бр.1, а кај националистичкиот дел од населението ќе ја пуштаат лицемерната група Бр.2 која ќе ги ЛАЖЕ ДЕКА ЌЕ ГО ВРАТАТ ИМЕТО.

Во групата Бр.1, која ќе игра улога на про ЕУ и про НАТО прагматичари, ќе участвува групата за која пратеничката Нола Исмајловска Старова покажа листинг од гласање, каде се гледа дека нејзините колеги од ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои координаторот на пратеничката група Никола Мицевски, како и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ:
Влатко Ѓорчев, Жаклина Пешевска, Иван Иванов, Слаѓана Митовска, Павлинче Честојнова и Дафина Стојаноска,
гласале ЗА преименување на армијата во Армија на Република Северна Македонија.

Во групата Бр.2 – со цел ширење лаги демек Името ќе го враќаат ќе ги видите Мицковски, Тарчуловски, Раела Мизахри, Муцунски…

Ќе се поделат по целни групи и ќе говорат лаги, односно она што сакаат да го слушнат граѓаните, без никакви факти или стратегија што би правеле и со кои чекори би ги оствариле тие лажни ветувања.

Намерно креираат хаос и матна вода, со надеж дека на тој начин ќе доведат во заблуда, односно дека ЌЕ ИЗЛАЖАТ ШТО ПОВЕЌЕ ГЛАСАЧИ.

Замислената стратегија за МАСОВНО ЛАЖЕЊЕ преку промовирање на различни политики нема да им помине од една проста причина.
Заворавиле дека повеќе ги немаат сите инструменти на злоупотреба на избори кои ги користеа во времето на режимот.

Денес, граѓаните се информирани, слободни, нема повеќе притисоци уцени и закани…

Денес граѓаните дишат слободно, живеат подобро, имаат можности и медиуми за точно информирање, за на крај да ја донесат вистинската одлука по сопствена воља.

И ќе ја донесат вистинската одлука на 12-ти април.
На 12-ти април ќе заврши ерата на лицемерие и опструкции наречена квазиполитики на Христијан Мицковски.
ФБ статус на Ване Цветанов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e