Цветанов: Додека се реализираат серија реформи и се движиме напред, ДПМНЕ не понуди ништо конструктивно

Влеговме во НАТО.
Започнуваме преговори со ЕУ,

по заслуга на Зоран Заев, кој од заробена држава, со мака не враќа на колосекот на нормалното и перспективното.

Додека се реализираат серија реформи и се движиме напред, ДПМНЕ не понуди ништо конструктивно. ДПМНЕ освен деструкција, неосновани плукања, кочење на процесите на развој на секое поле каде што зависи од нив, друго ниту прават ниту нудат.
Не можат да разберат дека со плукање не се доаѓа на власт.
Уште не дојдени на власт, почнаа со спинови дека африканци ќе ја населувале Македонија.

Искрено не знам, можеби после толку “халкидики” афери, да не им влегоа африканците во умот и потајно да си ги посакуваат?

Нам ни останува да го следиме процесот на развој на државата, да даваме подршка на тие што не водат напред, а во меѓувреме да си правиме хумор од глупостите на Мицко и неговата дружина, оти со будалите освен мајтапење, ништо друго не може да се прави.

ФБ реакција на Ване Цветанов на веста Макрон потврди дека ја крева рампата за Северна Македонија и за Албанија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e