Александар Ванев: Заедно да го избереме Стево Пендаровски, претседател кој ќе води Напред кон сигурна иднина

Недела е ден кога треба да излеземе и гласаме, да го оствариме нашето граѓанско право, бидејќи секој глас е важен, секој глас одлучува! Да избереме напредок и просперитетна иднина за сите! Заедно напред! Во недела да го заокружиме бројот 3, да гласаме за Стево Пендаровски! Гласот за Стево е глас за обединување на сите граѓани, за сигурна иднина во НАТО и ЕУ, за граѓаните! Тој создава едно, заедничко општество и е гарант за прекин на поделбите и омразата. Стево помирува, тој е глас на заедништвото и ги поврзува различните граѓани кои живеат во нашата земја.
Стево Пендаровски работи за граѓаните, тој му служи на својот народ, стручно, чесно и правично. Пендаровски ќе обезбеди најмногу придобивки за граѓаните на нашиот пат во НАТО и ЕУ. Да гласаме за Стево и да ја направиме Северна Македонија лидер на Балканот, да бидеме држава која е пријател со сите свои соседи, признаена, поврзана и почитувана од цел свет. Република Северна Македонија секојдневно се менува на подобро и оди напред, за многу кратко време ќе биде триесетта членка на НАТО, и сме насочени на патот кон Европската Унија, затоа во недела со гласот за Стево, ние ќе продолжиме да се движиме кон НАТО и ЕУ. Гласот за Стево носи напредок на Северна Македонија!
Со заокружувањето за бројот 3 ќе обезбедиме напредок и просперитетна иднина за сите граѓани, а со тоа ќе го спречиме и повторното блокирање! Со НАТО ќе имаме напредок и безбедна иднина! Многу е важно да имаме почитувана држава во странство, претседателот на државата е лицето на државата, а Стево е вистинскиот избор, бидејќи тој најдобро ја познава и надворешната политика. НАТО не е единствено воен сојуз, туку и политички сојуз на слободни и демократски држави. Европската Унија не е единствено царинска унија, туку таа е здружување на држави коишто споделуваат исти демократски вредности засновани врз владеењето на правото и промоцијата и заштитата на човековите права и слободи. Затоа, наша обврска, но и наш интерес е да дејствуваме заедно со овие држави и во другите меѓународни организации каде што членуваме. Затоа сум сигурен дека со Стево како иден Претседател на Северна Македонија, ќе имаме јасна надворешна политика која ќе биде водена од стручни и доблесни дипломати.
Сигурен сум дека со гласањето за Стево и неговиот избор за Претседател на Северна Македонија ќе имаме заштитник на демократијата и правната држава, без разлика на партиските политички интереси! Нашата армија е гарант на суверенитетот, независноста и неповредливоста на територијата на државата. Нашата армија, заедно со нашите воени партнери е гарант на мирот во повеќе конфликтни региони во светот. Брoјни нејзини припадници учествувале или учествуваат во мировни мисии во кризни жаришта на различни континенти. Нашата армија беше и останува нашиот голем аргумент во НАТО. Нејзините припадници се способни да ги извршуваат сите зададени задачи. Нашата армија е рамноправен партнер со армиите на сите други членки на Алијансата. Затоа во недела да избереме вистински Претседател на Република Северна Македонија. Нашата држава треба да продолжи да се движи по вистинскиот пат, да имаме напредок кон сигурна иднина во НАТО и ЕУ! Во недела да излеземе масовно и да гласаме за бројот 3, да гласаме за Стево Пендаровски, да гласаме за напредок и просперитет! Заедно да го избереме Стево Пендаровски кој води Напред!
Александар Ванев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e