Женска судиска тројка прв пат ќе дели правда на Светско фудбалско првенство за мажи

Прв пат во историјата на фудбалот, женска судиска тројка е назначена на натпревар на Светското првенство во машка конкуренција.

Историјата ќе биде испишана на натпреварот помеѓу Костарика и Германија на кој главна судијка ќе биде Стефани Фрапарт од Франција, а асистентки Неуза Бак од Бразил и Карен Дијаз од Мексико.

Натпреварот ќе се одигра утре од 20 часот на стадионот Ал Бајт.

Пред Светското првенство во Катар претседателот на Комитетот за судии на ФИФА, Пјерлуиџи Колина изјави дека судијките, како што рече „не беа избрани бидејќи се жени, туку како судии на ФИФА и тие би можеле да го судат секој натпревар”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e