За „два во еден“ во Србија: Пет милиони динари казна и 10 бода минус за Смедерево и Кабел

Екипите на Смедерево и на Кабел се казнети со пет милиони динари и одземање на 10 бода за „загрозување на интегритет на натпреварување“ по сомнежите за регуларност на нивиот меѓусебен натпревар во Првата фудбалска лига на Србија, објавува „Новости“.

На пријавата од Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), реагираше дисциплинската комисија на српската Прва лига и изрече парични казни за Кабел од три милиони динари и два милиона за Смедерево и „скина“ десет бода од нивните конта.

Мечот се одигра на 14 октомври во Смедерево во кој истоимениот домаќин победи со 2:1, со пресврт во второто полувреме. УЕФА до фудбалските тела во Србија се обрати со предупредувачки допис на основа на следење на уплатите во обложувалниците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e