За црвениот картон против Аталанта: Еден меч суспензија за Карло Анчелоти

Карло Анчелоти ќе отсуствува од клупата на Наполи во еден натпревар во Серија А. Причина за ова е суспензијата што Фудбалската федерација на Италија ја изрече за црвениот картон што тренерот на Наполи го доби во мечот со Аталанта.

Анчелоти ги загуби нервите и бурно реагираше кон главниот судија за недосуден пенал во ремито со тимот од Бергамо за што и беше исклучен. Мечот што искусниот италијански менаџер ќе го пропушти е дербито против Рома во сабота.

Згора на тоа, Наполи ќе треба да плати и 3.000 евра казна за фрлање на тврди предмети од неговите навивачи на терен против Аталанта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e