Влезница за дуелот меѓу Роналдо и Меси продадена за 2.6 милиона долари

Саудискиот мултимилијардер Мушреф ал – Гамди плати на хуманитарна аукција 2.6 милиони долари за ВИП влезница за утрешниот ревијален натпревар во Ријад на кој ќе настапат Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Португалецот Роналдо ќе го предводи тимот составен од играчи од саудиските прволигаши Ал Наср и Ал Хилал во хуманитарен натпревар против францускиот шампион ПСЖ, предводен од Аргентинецот Лионел Меси.

Тоа ќе биде прв настап за Роналдо откако во декември потпиша рекорден договор со Ал Наср.

За да го промовираат натпреварот, саудиските организатори организираа хуманитарна аукција за ВИП влезница. Лицитацијата почна со 266.000 долари, а заврши со 2.6 милиони колку што за билетот плати генералниот директор на групацијата за недвижности „AqarOne”, Ал – Гамди.

Влезницата нуди низа поволности, меѓу кои и пристап до соблекувалните, како и средби и фотографирање со Роналдо, Меси, Нејмар и Килијан Мбапе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e