Влатко Андоновски и официјално е селектор на женската фудбалска репрезентација на САД

Македонецот Влатко Андоновски ја официјализира соработката со фудбалскиот сојуз на САД и именуван е за селектор на женската репрезентација која е светски шампион.

Ова е огромна чест за нашинецот кој е деветти селектор во историјата на женската селекција на САД. Претставувањето на 43-годишниот Андоновски ќе биде во Њујорк. Тој во 2000 година се пресели во САД, со сопругата Билјана и трите деца живеат во Канзас сити, а седум години работи во женскиот фудбал во САД, има и две титули.

Дебито како селектор на екс-играчот на Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Вардар, ќе биде на 7 ноември во Колумбус на пријателска средба против Шведска, додека кон крајот на јануари има квалификации за Олимписките игри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e