(Видео) Менхенгладбах и Сити сигурни, Ростов преку Ајакс до деби во Лигата на Шампионите

Најубедливи во синоќешните натпревари за пласман во Лигата на шампионите беа фудбалерите на Борусија Менхенгладбах кои на домашен терен славеа со 6:1 против Јанг Бојс од Швајцарија.

Ѕвезди на вечерта кај германскиот тим беа Хазард и Рафаел кои постигнаа по хет-трик, односно двајцата фудбалери реализираа по три гола.

Руски Ростов го “прегази” Ајакс со 4:1 и се избори за деби во фазата по групи.

По високите 5:0 од гостувањето во Романија, фудбалерите на Манчестер Сити вчера на домашен терен славеа со скромни 1:0 против Стеауа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e