(ВИДЕО) Како изгледаше Буенос Аирес во четири часот наутро кога пристигнаа светските прваци

Репрезентацијата на Аргентина се врати од Светското фудбалско првенство во Катар , каде во драматичен финален натпреавр го совлада актуелниот првак Франција и ја презеде во владение наредниве четири години „Златната божица“. Аргентина по третпат е светски првак, а последен пат ваков потфат „гаучосите“ направија во 1986 година. Големиот успех чекан 36 години ги извади Аргентинците на улиците, кои заборавија на економските потешкотии во земјата и се препуштија на забавата по повод освојувањето на светската титула. За фудбалерите навивачите приредија спектакуларен пречек во Буенос Аирес. Новите национални херои, предводени од Лионел Меси одпоздравуваа од панорамски автобус.

Репрезентативците пристигнаа во аргентинската метропола од Доха и попатниот краток престој во Рим. На градските улици се најдоа околу 4 часот по локално време или околу 9 часот по македонско време.

Според проценките, повеќе од еден милион љубители на фудбалот им посакале добредојде.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e