(Видео) Јунак на мечот – за 23 минути одбрани три пенали

Голманот на шкотскиот второлигаш Данди Јунајтед, на гостувањето кај Дармфлемајн одбрани дури три пенали.

Сите три беа досудени од 9-тата до 32-та минута од првото полувреме и изведени од три различни играчи.

Бел, предходните три години играше за Глазгов Ренџерс а бил дел од тимовите и на Килмарнок, Монтроуз и Квинс оф Саут.

Данди Јунајтед во овој натпревар славеше со 3:1.

Овој хет-трик во одбранети пенали не е за прв пат во Англија. Далечната 1909 година, голманот на Гримсби Волтер Скот има одбрането три пенали на Барнли. Истото се има случено и во 1980 година кога голманот на Манчестер Јунајтед Гери Бејли одбранил три пенали на Ипсвич, но на истиот меч пак примил дури шест гола од игра.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e