(Видео) Динамо Загреб преку продолженија до пласман во Лигата на Шампионите

По нерешените 1:1 во Загреб, хрватски Динамо успеа на гости да го совлада Салцбург но во продолженија и на тој начин да избори пласман во групната фаза од Лигата на шампионите.

Домаќинот од Австрија поведе во 22 минута со голот на Валентино Лазаро, но гостите од Загреб на 3 минути пред истекот на регуларните 90 минути успеаја да постигнат погодок и влезат во продолженија.

Херојот на гостите беше Соудани кој во петтата минута од првото продолжение ја затресе мрежата на домаќинот, гол кој на Динамо Загреб му донесе учество во групната фаза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e