Верстапен на удар во медиумите: Незрел и арогантен

По мексиканското гран-при, Макс Верстапен доби многу критики од експерти и колеги, а притоа не останаа должни и медиумите. Пилотот на Ред Бул најпрво ја освои пол-позицијата, но потоа ја загуби по своја вина. За време на трката имаше две ситуации, една со Хамилтон и една со Ботас, а втората веќе му ја одзеде надежта да се бори за победа.

Германското издание на „Дејли Кикер“ напиша: „Тој е луда глава. Наместо да победи во Мексико трет пат по ред, тој заврши на шестото место, а дебатата за неговиот стил на пилотирање започна повторно“.

Францускиот медиум „Лекип“ беше покатегоричен: „Ако луѓето сметаа дека Верстапен е мудар, во Мексико докажа дека тоа не е случај“.

Во Италија, „Газета дело Спорт“ исто така ги оцени неговите добри и лоши страни: „Тој е мешавина од храброст и пропаст: од една страна привлекува многу фанови, но од друга страна, има критичари кои сметаат дека е незрел и арогантен“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e