Вдовицата на Брајант заработи 16 милиони долари поради споделување фотографии на починатиот Коби!

На Ванеса Брајант, вдовицата на легендарниот кошаркар Коби Брајант, Федералниот суд во САД ѝ додели отштета од 16 милиони долари бидејќи фотографии од местото на несреќата во која загинаа нејзиниот сопруг и ќерката Џиана пред две години се појавија во јавноста.

Таа рече дека имала напади на паника откако се појави веста дека замениците на шерифот и пожарникарите на округот Лос Анџелес фотографирале од местото на несреќата, а потоа ги споделиле.

Федералниот суд нареди округот Лос Анџелес да плати отштета за душевната болка на Ванеса Брајант, а на Кристофер Честер, кој ги загуби сопругата Сара и ќерката во истата несреќа, ќе му бидат исплатени 15 милиони долари, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Вдовицата на Коби ја напушти судницата без да даде изјава, а по читањето на пресудата се прегрна со своите адвокати и ќерката Наталија.

По пресудата, Ванеса на Инстаграм објави фотографија од Коби и Џиана со коментар:

– Сè за вас! Ве сакам! ПРАВДА за Коби и Џиџи! – стои во објавата на Ванеса Брајант.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e