Вакцинацијата била причината за разделбата помеѓу Ѓоковиќ и долгогодишниот тренер Вајда

Даниел Мукш, автор на биографската книга за Новак Ѓоковиќ, открил зошто најдобриот светски тенисер се разделил со долгогодишниот тренер Марјан Вајда.

Мукш, во подкастот за „Sport1.de“ рекол дека Ѓоковиќ „за многумина ќе остане мистерија“. Насловот на книгата кој ја објави Мук е „Новак Ѓоковиќ – живот во војна“.

Авторот на книгата тврди дека една д причините за разделбата помеѓу Ѓоковиќ и Вајда, било одбивањето на тенисерот да се вакцинира.

„Знам дека тоа е една од причините за нивната разделба. Имаше тука „жешки“ дебати, бидејќи Вајда поинаку гледаше на вакцинирањето. Тој цело време го советуваше да се вакцинира“, вели Мукш.

Тој изјавил дека постојат и одредени детали што не смеат да одат во јавноста.

„Не можам да напишам се што се зборува во тие кругови и што сумми било кажано. Ѓоковиќ има договори со секој член од персоналот. На пример, Гебхард Фил Грич, не смее да каже кои вежби ги работел само со Ѓоковиќ. Новак е перфекционист, направи договори со сите свои блиски соработници“, заклучил Мукш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e