Тројца „нероазури“ во скаутскиот радар на „Камп Ноу“: Барселона ги мерка Мартинез, Шкринијар и Сенси

Барселона го порази Интер со 2:1 во второто коло во групата Ф во Лигата на шампиони, но тројца фудбалери на „нероазурите“ оставија силен впечаток на скаутскиот радар на „Камп Ноу“. Порталот „Калчомеркато“ наведува дека со особено внимание се следела играта на триото Лаутаро Мартинез, Милан Скринијар и Стефано Сенси. Првиот го постигна водечкиот гол за составот на Антонио Конте, вториот остави одличен впечаток и покрај победата со пресврт на Каталонците додека третиот е оценет како еден од најдобрите во гостинскиот состав на тревникот.

Шкринијар, потсетува порталот, веќе подолго време е трансферна цел на Барселона, но ангажманот сè уште е желба поради 80. милиони евра што Интер ги бара за Словакот. Сенси излезе на површина во оваа сезона, откако „нероазурите“ го откупија неговиот договор со Сасуоло за 22 милиона евра додека и Мартинез почна да ги оправдува очекувањата како наследник на сонародникот Мауро Икарди.

Интер бележи одличен старт на сезоната во Серија А. По шест одиграни кола е лидер со максимален број на бодови и импресивна гол разлика од 13:2 за што добар дел заслуги одат на сметка на Антонио Конте. По две кола во ЛШ, пак, екипата од Милано има само бод што го освои на „Џузепе Меаца“ против Славија Прага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e