Три бода за 82. роденден: Работнички за гол подобар од Ренова

Фудбалерите на Работнички го збогатија 82. клупски роденден со победа над Ренова на отворање на деветтата рунда во Првата македонска лига. Третата победа на дебармаалци во сезоната беше изразена со еден, но вреден гол што беше автогол на Ненад Мишковски во 58. минута.

Триумфот на домашните можеше да биде и поубедлив на крајот доколку и Иван Марковиќ беше поприсебен при изведување на пеналот во 81. минута.    

Со овие три бода, Работнички има вкупно 10 и се искачи на седмо место на табелата за разлика од Ренова остана четврта.

Деветтото коло ќе се комплетира утре попладне со мечевите Академија Пандев – Силекс, Шкендија – Вардар, Македонија Ѓорче Петров – Шкупи и Борец – Струга Трим Лум.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e