Тренерот на Ибица за голот на Барса во 95. минута: Катастрофа

Тренерот на Ибица, Пабло Алфаро, ги пренесе емоциите од натпреварот против Барселона во шеснаесетина финалето од Купот на Шпанија.

  • Горд сум на моите играчи, но ова е катастрофа. Изгубивме на најсуров начин. Покажавме дека нашиот тим има душа, направивме огромен чекор напред, невозможно беше да се побара повеќе. Сега треба да се честита на Барселона и да им се посака далеку да стигнат на турнирот, изјави Алфаро.

Ибица која важеше за аутсајдер на дуелот со Барселона, синоќа загуби со 1:2 со гол примен во петтата минута од судиското надополнување. зс/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e