Тежок пад за време на тренинг за ГН на Тајланд во Мото ГП: Маркез заврши во болница

Марк Маркез најверојатно ќе ја пропушти претстојната трка за ГН на Тајланд во Мото ГП шампионатот. Шпанскиот мотоциклист, кој е водечки во генералниот пласман во оваа сезона, има тежок пад на патеката Бурирам на која викендот можеше да обезбеди нова титула.

Маркез загубио контрола врз мотоциклот во еден од свиоците, излета од седиште и заврши во песокот крај асфалтот. Членовите од тимот на Хонда реагираа ескпресно, го стабилизираа својот возач кој веднаш беше превезен во болница. Според искази на лицата кои притрчаа напомош, Маркез се жалел на силни болки во грбот и во левата нога.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e