Тен Хаг објасни зошто Роналдо не е стартер

Манчестер Јунајтед попладнево ќе го пречека Арсенал во големото дерби на „Олд Трафорд“ и ќе ги одмери силите со тимот кој е лидер на табелата и кој одигра импресивно во воведните пет рунди.

По катастрофалниот почеток и двата порази од Брајтон и Брентфорд, Јунајтед се рехабилитираше и запиша три победи во низа, но и покрај тоа што се запишаа девет бодови, новинарите се уште прашуваат зошто Кристијано Роналдо не е стартер во тимот на Тен Хаг.

Холандскиот стручњак пред денешното дерби со Арсенал даде подетално објаснување и воедно најави дека Роналдо најверојатно одново ќе почне од клупата.

– Јас ќе му бидам пријател на Роналдо, а понекогаш ќе бидам и негов учител, во зависност од ситуацијата. Сите знаеме дека тој немаше пресезона, а тоа мора да го имате, особено кога доаѓа нов тренер. Пресезоната е база за една нова натпреварувачка сезона.

– Поготово кога играме на начинот на кој играме, треба да се научи позиционирањето на теренот. Ние дефинитивно не играме како минатата сезона, едноставно нема споредба. Тој се уште не е комплетно фит, но веќе еднаш кажав. Ова е сам старт на сезоната и ние имаме состав, имаме повеќе од 11 играчи и се може да се промени, – изјави Тен Хаг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e