Стоичков: Бугарија никогаш ќе нема нов Стоичков

Бугарската фудбалска легенда, Христо Стоичков изјави дека нашиот источен сосед никогаш нема да има нов Стоичков, бидејќи секој играч е посебен и различен.

„Нов Стоичков нема да има, бидејќи секој си е уникатен за себеси. Во мојата книга упатувам порака до младите, а тоа е никогаш да не се откажуваат од своите мечти и да веруваат дека и некој Бугарин може да биде најдобар на светот во некој област која е од интерес на милијарди луѓе“, истакна Стоичков.

Тој беше неуспешен како тренер, сега работи по телевизии како коментатор и аналитичар, а живее  во Мајами.

За моменталната ситуација во бугарскиот фудбал, тој кажа дека го потсетувала на песната „Дали јас задоцнив или времето брзаше“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e