Солскјер со паралела меѓу неговиот Манчестер Ј. и на Фергусон: Различна ера, различни тимови

Менаџерот на Манчестер јунајтед одговори на се позачестените критики за играрта на тимот и призна дека славните денови од времето на сер Алекс Фергусон се минато, но истовремено изрази силна верба дека младите играчи што ги има на располагање поседуваат капацитет за значителни резултати.

„Ова не се 90-тите години од минатиот век. Различни ери, различни тимови. Нема споредба. Свесен сум дека ќе има подеми и падови меѓутоа убеден сум во успех на оваа група на момчиња“, порача Норвежанецот по гостувањето кај АЗ Алкмар (0:0) во Лига Европа, а пред мечот со Њукасл во Премиер лигата.

За Њукасл истакна дека очекува да атакува на победа, намера со каква ќе излезе и неговиот тим на „Сент Џејмс Парк“ во недела од 15 часот. Во креирање на составот нема да може да смета на недоволно опоравениот Пол Погба кој ќе добие поштеда да биде максимално фит за дербито со Ливерпул по паузата за репрезентативни натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e